Семејно насилство – скопјанец бил нападнат од неговиот син

МВР информира дека синоќа во 19.25 часот во Полициската станица Шуто Оризари, 61-годишен жител на Скопје пријавил семејно насилство.

Според пријавата, поради нарушени семејни односи и меѓусебни недоразбирања, скопјанецот бил физички нападнат од неговиот син М.Ц.(40) од Скопје, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisements