Семејството на киднапираното момче бара помош од граѓаните – „Се молиме да е жив и да го пронајдеме“

Семејството на исчезнатиот Самоил Костадиновски, веќе 10 дена чека да слушне информација дали е тој се уште жив. Семејството испраќа молба до граѓаните да им помогнат со било каква информација да го најдат. Самоил е внук на македонскиот политичар, Љубе Бошкоски, има три годишно дете, а второто е на пат.

„На трети март се губи секоја трага од нашиот Самоил. Индициите наведуваат дека е киднапирање а не самоволно исчезнување. Не загрижува неажурноста на надлежните да се пронајде мојот сопруг. Колата во која е изведено киднапирањето после три дена е најдена запалена во атар на село Драчево. Полицијата изјави дека се притвор двајца од учесници но се што е направено до сега не дојде до пронаоѓање на Самоил – изјави сопругата за Канал5.

Таа вели дека нејзиниот сопруг нема никакви проблеми досега.

Advertisements

-Тој е спортист, не конзумирал наркотични средства, не пуши, не пие, има добиено златни медали во кик бокс. Ова е шок за целото семејство, ова само на филм го има. Како ќе ги растам децата без татко. Молба до сите луѓе да ни се помогне да го пронајдеме Самоил доколку е се уште жив, се молиме да е жив бидејќи немаме ни трага ни глас од него – порачува мајката.

Таткото на Самоил се сомнева дека зад киднапирањето стојат нарко-зависници.

-Нашиот син исчезна на трети, киднапиран е во Припор и од тој момент не знаеме каде е и што е, немаме никакво сознание. Благодарни сме на полицијата на министерот, но нема информација до каде е работата, како врви истрагата. Ми се чини дека е киднапиран, може да имал износ во себе, сума на пари, а тие што го киднапирале, најверојатно биле зависници на крек, амфетамини – вели таткото.

За вмешаност во киднапирањето пред четири дена беа уапсени две лица на кои денеска им беше продолжен притворот на барање на обвинителството.