„Шеќерни луѓе“ се прикажува на фестивал во Франција

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски – „Сузи Кју продукција“ ќе биде прикажан в среда. на 30 ноември 2022 година во 16,30 часот и во петок, 2 декември 2022 година, во 14 часот во меѓународната селекција на 40-тото издание на филмскиот фестивалот Tous Courts во Екс-ан-Прованс, Франција.

Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе ”, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм и „Сузи Кју продукција“, досега има освоено 6 награди на различни меѓународни фестивали за краткометражни филмови и е во селекција на уште 16 меѓународни филмски фестивали во САД, Канада, Франција, Германија, Албанија, Италија, Парагвај, Турција, Романија и Аргентина.

Главните улоги ги играат Сара Климоска и Филип Трајковиќ, сценариото е на Владимир Јанковски и Сузана Диневски, директори на фотографија се Димитар Попов и Дејан Димески, монтажата е на Гоце Кралевски, дизајнер на постерот е Коста Лазаревски, трејлерот е изработен од Горан Вуќиќ, тонски дизајнер е Дарко Спасовски и музиката компонирана за филмот е на Дуке Бојаџиев.

Advertisements

Инаку, 40 години фестивалот во Франција е во потрага по филмови што го прикажуваат богатството и различноста на меѓународната продукција на кратки филмови. Целта на фестивалот е да им даде простор на креативноста и слободата, да ја зачува културната разновидност, да дозволи краткиот филм да се врати во кината, да придонесе за појава на нови таленти и да ѝ даде на публиката уметничко задоволство во повторно откривање на богатствата на кратките филмови.

Преку своите бројни програми, фестивалот прикажува повеќе од 200 филмови, како современи нови дела, но и од етаблирани автори. Постојано барајќи нови хоризонти, овогодишното издание ветува уште еден збогатен и решителен нов состав.