Шилегов оставил долг од над 100 милиони евра, сега нема трошење по кафеани и јадење бифтеци, вели Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вечерва во емисија на ТВ 21  одговори на наводите на поранешниот градоначалникот Петре Шилегов, дека при неговото заминување на сметка имало 10 милиони евра.

Арсовска вечерва на ТВ21 потврди дека тоа е вистина, но дека нејзиниот претходник оставил десет пати поголем долг од тие средства.

Advertisements

„Долговите беа огромни, а добар дел од нив исплативме. Да, точно е дека имаше 10 милиони евра, но мојот претходник заборави да кажа дека има 100 милиони евра долг. Тоа е ништо за разлика од долгот. Секој може да си каже што сака, но кога кажувал колку пари оставил на сметката, требало да открие и колкав е долгот, а не само да се фали“, рече Арсовска.

Таа изјави дека кредитниот рејтинг сега е одличен, Градот е ликвиден затоа што нема непродуктивни трошења.

„Нема трошење по кафеани никој не јаде бифтеци и не пие скапи алкохолни пијалоци на сметка на Градот“, вели Арсовска.

Арсовска, вечервa објасни и за блокадата на сметката на Градот Скопје. Таа посочи дека блокадата доаѓа од претходното раководство.

„Зачудува за тој спор кој се води за Скопскиот саем. Од претходното раководство знаеле дека е однапред изгубен спор, и тоа го терале со години, покрај основниот долг има 500.000 евра за камати. И за ова треба да се позанимаваат органите на прогонот. Јас сум сигурна во тоа што го правам, а оние кои излегуваат по телевизии и се обидуваат да бидат спасители, треба да излезат и да кажат како го оставиле градот. Овој спор е од претходно“, рече Арсовска.

Во јавноста, додаде градоначалничката, „во последните денови се шпекулира со еден збор банкрот. Треба да се знае што значи овој збор пред да се искаже. А, градот никогаш не бил поконсолидиран. Ги отплативме сите долгови кои беа околу 100 милиони евра“.