Шоле и Ескобар без објаснување ја одложија посетата на Скопје

Советникот во Стејт департментот, Дерек Шоле и делегацијата во која што требаше да биде заменик-помошникот секретар во Стејт департментот и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар ја одложија посетата на Северна Македонија, објави „Дојче веле“.

Од Американската амбасада во Скопје за „Дојче веле“ потврдуваат дека добиле известување дека американскиот тим кој требаше в среда да допатува во Скопје, има испратено известување дека посетата на регионот се одложува за по Нова Година. Нема објаснување зошто е одложена посетата.

Габриел Ескобар  вчера пристигна во Косво, каде го посети православниот манастир Високи Дечани,  заедно со заменичката амбасадор на САД во Косово, Алисон Грундер.

Advertisements

Веста синоќа на официјалната страница на Твитер ја потврди манастирскиот игумен, архимандрит Сава, кој објави и фотографија со Ескобар и Грундер.

„Благодарни сме на цврстата посветеност на САД на заштитата на сите заедници и на верското наследство на Косово“, напиша архимандритот во кратката објава на Твитер.