Што напиша првиот синдикалец на контролорите на летање на Фејсбук за да го викнат во полиција?

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски денеска е повикан во полиција да даде изјава, откако двајца директори на македонската навигација (М-НАВ) се пожалиле дека им се заканувал на социјалната мрежа Фејсбук.

Според Тасевски не станува збор за закани, туку за повик до надлежните институции да ги откријат злоупотребите по приемот на последните кандидати за работните места –  инженери (5) и двајца инструктори, но и за сомнителни тендери во М-НАВ.

Еве што напиша првиот синдикалец на македонската контрола на летање Александар Тасевски на Фејсбук пред да биде повикан во полиција:

Advertisements

„Почнаа да се будат „човечињата”. Редно е да се разбуди и ОЈО па да почне да чепка и за ова и за тендери и за реновирања на гаража, ќе има работа за до пензија!“.

ФОТО: М- НАВ