Што предвидува новиот закон за сезонските работници?

Со гордост сакам ви соопштам дека е изгласан Законот за привремено и сезонско ангажирање лица. За прв пат во историјата на Република Македонија се усвои еден ваков закон кој е на барање на работниците и работодавачите, изјави пратеникот Бојан Стојановски.

Работното ангажирање во поедноставена постапка ќе се врши со пријава на лицето преку регистарот за евиденција на работно ангажирање на Агенцијата за вработување на Република Македонија, додека наплатата на даноците и придонесите ќе се врши преку надградба на системот за наплата на даноците и придонесите на Управата за јавни приходи.

„Предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а поддржан од повеќе парламентарни партии, законот задава силен удар во коренот на сивата економија, а истовремено ги унапредува и работничките права. Создаваме нови можности и олеснителни околности за работодавачите да можат да ги пријават своите сезонски – или работници ангажирани на одреден период, а со тоа, создаваме и услови работниците да добијат пензиски и здравствени придонеси за својот труд, а државата да ги наплати давачките кои што сега се во сивата економија. Она што особено радува, е што лицата ангажирани согласно овој закон, нема да изгубат веќе стекнати права, како социјална помош, надомест поради невработеност, семејна или старосна пензија, како и стипендија или правото на редовни студии“, вели Стојановски.

Во оваа законска категорија на граѓани, спаѓаат:

–       Пензионерите;

–       Студентите;

–       Сезонските работници, а особено оние ангажирани во земјоделието, овоштарството угостителството и сервисните дејности.

–       Невработените, но и вработените;

–      Лица помлади од 18 години, кои ги исполнуваат условите за работа;

– Како и странците со регулиран престој;

„Ова иновативно законско решение предвидуваа софтверска платформа. Дигитален регистар, кои ќе ги спојува работодавецот, работникот и институциите, а притоа создава услови за ефикасно спроведување на законот. Оваа платформа ќе биде финансирана со грант од наши меѓународни партнери, од Сојузна Република Германија. Продолжуваме да работиме и на други вакви, современи законски решенија, се со цел, Македонија да биде пристојно место за живот, за секој еден“, порача Стојановски.