Што се договорија Србија и Косово во Охрид?

По 12 часа имаме договор како да го спроведеме договорот. Косово и Србија се договорија за Анексот за спроведување на договорот, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел по средбата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти.

„За членот 7 – Косово се согласи да започне веднаш, а кога велам веднаш, мислам веднаш, преговори за воспоставување аранжмани и подготовки за да се обезбеди вистинско ниво на самоуправа на српската заедница“, рече Борел.

Александар Вучиќ по средбата во Охрид изјави дека е постигнат некаков договор, дека се договорени неколку точки кои ќе станат составен дел од преговарачката рамка на двете страни.

Advertisements

Според Вучиќ ништо не завршило вечерва, туку дека, како што рече, допрва почнува.

„Ништо не потпишав и денеска, јасно кажав кои се црвените линии, но напредок е постигнат во конструктивна атмосфера“, вели Вучиќ.

Тој додаде дека  утре ќе им ја презентира секоја точка на граѓаните на Србија и ќе објасни се што се случи во Охрид.

„Веднаш беше констатирано дека е во тек процесот на формирање на ЗСО. Ни претстои сериозна работа во месеците, рече Вучиќ.

Тој додаде дека европскиот пат на Србија ќе зависи од неговата реализација.

„Денес беше денот кога требаше да се договориме за планот за имплементација. Она што е важно да се каже е дека овие неколку точки за кои се договоривме ќе станат дел од преговарачката рамка. Една од клучните точки е дека Европскиот совет ќе процени колку е направено со планот за имплементација, кој ќе се прошири. Формирањето на ЗСО беше поставено како приоритетна обврска. Морам да кажам дека сум навистина задоволен од тоа. Сè уште се зборува за исчезнати лица, за донаторски конференции. Планот секако ќе треба да се надгради“, изјви српскиот претседател.