Штрајк во 28 јавни обвинителства – бараат за 78 отсто повисоки плати

Вработените во јавните обвинителства денеска стапија во штрајк и бараат зголемување на платите за 78 отсто и враќање на додатоците на плата во висина од 35 отсто.

„За време на одржување на штрајкот вработените во јавните обвинителства нема да работат ниту ќе бидат на своите работни места. Штрајкот ќе се спроведува во салите за состаноци на обвинителствата, холовите, заедничките простории или пред зградите на Јавните обвинителства“,информираше Трпе Деаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ.

Штрајкуваат сите 28 јавни обвинителства на територијата на државата , а штрајкот ќе трае се до исполнување на барањата. Ќе се извршуваат единствено итните и неодложни работи, односно согласно законските прописи штрајкувачите ќе работат предмети во кој има само притвор, претрес или неодложни жалби, додава Деаноски.

Advertisements

Тој вели дека нема да дозволат никакви притисоци врз вработените тие да извршуваат други работни задачи освен оние кои се итни и неодложни.

„За почетокот на штрајкот е информиран и министерот за правда кој не најде време да не прими и да ги слушне нашите барања“, вели Деаноски.