Силјановска Давкова собра над 15.000 потписи само за неколку часа

Кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова собра 15.000 потписи во подрачните единици на Државната изборна комисија, откако вчера на конвенција на партијата официјално беше потврдена кандидатурата од делегатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на денот пред пунктовите на ДИК може да се забележи метеж – граѓани ставаат потписот за кандидатурата на Силјановска Давкова.

По потврдата од партиското раководство на партијата, таа кажа дека била изненадена од тоа што едногласно беше избрана за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

-Резултатот ме остави без зборови. Не очекував олку голем резултат, навистина многу ми значи довербата, од срце ви благодарам. Одговорно тврдам дека ниту еден труд, ниту членство во разни организации не ми значело толку колку можноста што ми ја дадовте вие, и тогаш и сега, да си го запознам народот. Тоа е неверојатно инспиративно, истакна вчера Силјанова-Давкова.