Синдикалците на скара пред Владата бараат поголеми плати

Под мотото „Ќебап за работникот, бифтек за власта“ синдикалците од Конфедерацијата слободни синдикати одржаа протестен марш во Скопје.

Маршот, како што јави Прес 24, го почнаа пред канцеларијата на КСС, а завршија пред Владата каде симболично запалија скара. Претставниците на КСС негодуваат на енормното покачување на платите на избраните и именуваните функционери од 80% што го овозможи Уставниот суд.

„Имаме барања од Владата. Пет години ги имаме истите барања. Бараме почитување на законите, бараме подобар животен стандард, бараме почитување на работникот и неговиот труд, бараме зголемување на платите согласно законот за минимална плата, бараме К-15 согласно стандардите, бараме спроведување на колективните договори“, рече Зоран Антовски од КСС.

Advertisements