Сите бегаат од бродот што тоне, нема иднина со Ахмети и Ковачевски – реакција на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на партијата на Павле Трајанов да ја напушти владината коалиција.

„Со Ахмети и слугата Ковачевски нема иднина. Сите бегаат од бродот кој тоне. Прво беше Алтернатива, а сега Демократскиот сојуз“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ги охрабруваме другите партии да го следат таквиот пример и да не се соучесници во неспособниот систем кој ја распаѓа државата. Таквата одлука е потврда дека на рати се распаѓа владината коалиција, за да на крај се заокружи и остане само „Пазар 3” коалицијата составена само од партиите обединети за тендери и криминал.

Advertisements

Таквиот пакет групно ќе биде убедливо поразен на избори. Ако власта се одржува со тендери и криминал, на избори народот не се купува со криминал и тендери и тие ќе бидат поразени“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.