„Сите сме Јана“- битолчани утре излегуваат на протест поради смртта на 6 годишното девојче

„Сите сме Јана“! Под ова мото битолчани утре излегуваат на голем протест поради прераната смрт на шестгодишното девојче Јана Христовска од битолско Кравари кое минатата недела почина во битолската клиничка болница по примена инфузија, објави „Независен“.

Протестот е закажан за 19 часот на плоштадот „Магнолија“ во Битола, а организатори се семејството, роднините и пријателите на Христовски.

Додека се чека извештајот од обдукцијата која треба да ги даде точните одговори како и поради што настапила смртта кај Јана, роднините на семејството Христовски имаат една цел – да го насочат вниманието за состојбите во македонското здравство.

Advertisements