Денес сме во Шуто Оризари да се видиме со нашите пријатели заедно со нашите коалициони партнери од нашата коалиција „Твоја Македонија“ кои што со години се со нас и постојано ни ја даваат поддршката насекаде. Јас сум благодарен што имаме вакви коалициони партнери односно што ВМРО-ДПМНЕ има пријатели насекаде, изјави Владо Мисајловски, носител на изборна единица 2 при денешната средба со граѓаните.
„Денеска имавме убави средби тука со жителите на Шуто Оризари каде што може да се види дека животот е навистина се потежок и потежок.
Но од друга страна драго ми е што гледам оптимизам и позитивна енергија за промени. Сите сплотени заеднички повикуваме на поддршка за Гордана Силјановска Давкова.
Сите тука и од Шуто Оризари повикуваме дека време е за промени дека Македонија треба да биде повторно горда и на секој еден човек да му се помага, независно каде се наоѓа, дали е Македонец, Ром или нешто друго. Важно е сите сме луѓе сите да си помагаме еден на друг но за ова да се случи ни треба голема масовна мобилизација и поддршка од сите граѓани, за да го направиме ова сите на 24-ти треба да гласаме за Гордана Силјановска Давкова и потоа на 8 мај за да ставиме печат, порача Мисајловски.