Скопјанец починал на влезот од црквата „Св. Јован“

Во  7.55 часот вчера било пријавено дека на влезот од црквата „Св.Јован“ на територија на општина Карпош, бил пронајден починат С.С.(57) од Скопје.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител телото било предадено во Институтот за судска медицина на обдукција.

Advertisements