Приватните автобуски превозници денеска од шест часот наутро повторно поставија блокади со автобуси на неколку главни крстосници во Скопје.
Приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, со автобуси ги блокираа крстосниците пред ТЦ Мавровка, Црвен Крст, како и Булеварот Илинден, блиску до градското Собрание. Од таму највуваат дека блокадите на крстосниците нема да се тргнат се додека не се исполнат нивните барања, да бидат викнати на разговор и да се договорот околу динамиката на исплатата на заостанатиот долг.
Поради блокадите од утринава, сообраќајот во главниот град се одвива отежнато и значително е нарушено движењето низ скопските булевари и улици.
Дополнително отежнување на движењето низ Скопје има и поради не нефункционирањето на градските линии од јавниот превоз, кои се одржувани и опслужувани од страна на приватните автобуски превозници. Единствено достапни се линиите на ЈСП, но и тие се со отежнато и нарушено движење поради блокадите на приватните превозници.
Од приватниот превознник „Слобода превоз“, преку социјалната мрежа Фејсбук, упатија извинување до граѓаните на Скопје.
„Слобода превоз во име на сите приватни превозници се извинува до сите граѓани на Скопје кои денеска, и се до решавање на проблемот, ќе бидат попречени во нивното движење низ градот. Приватните превозници бараат подршка од сите граѓани, се со цел побргу да се изнајде решение на проблемот.
Сите државни институции во Република Македонија во случајов и Град Скопје треба да покажат и не треба истите да бидат пример како не треба да се работи со парите на граѓаните и да се ускратуваат правата на граѓаните во случајот да имаат колабиран градски превоз и да чекаат со саати автобус на автобуските постојки. Овакво однесување на службите во Град Скопје и самиот Градоначалник покажуваат дека воопшто не се грижат за граѓаните туку напротив ги манипулираат“, се вели во пораката објавена на Фејсбук страницата на „Слобода превоз“.