Следи многу студено време: Се очекува да падне и најголемиот снег годинава

Студениот бран што ја зафати речиси цела Европа, вклучувајќи го и Балканскиот полуостров ќе се задржи и во следниот период.

Во регионот за време на викендот, и тоа особено на планините се очекува да падне и најголемиот снег за оваа година, и тоа во Босна и Херцеговина. Во оваа земја снег ќе има и на пониските места (градовите), вели метеорологот Славчо Попоски.

Според него, во Македонија нови обилни врнежи од дожд на повеќе места ќе има особено во недела, додека на планините и тоа особено во западните предели врнежите ќе бидат од снег, со што ќе се формира и снежна покривка.“ објави Попоски.

Advertisements