Денеска во скопско Арачиново е пукано кон градоначалникот на општината, Ридван Ибраими. Во тој момент тој бил придружуван од две лица кои се повредени и веднаш пренесени на Клиничкиот центар.
„Денеска (01.04.2024) во 13.25 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на влез на с. Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на о. Арачиново Р.И., кој бил заедно со уште неколку лица. При тоа повредени се две лица, кои биле заедно со градоначалникот. Градоначалникот не е повреден, а не се точни ниту шпекулациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Инаку, градоначалникот на Арачиново Ибраими претходно добиваше закани по животот од машко лице од Арачиново кој беше приведен откако лани во мај градоначалникот го пријави случајот во полиција. Тогаш протиз заканувачот беше поднесена кривична пријава, а дали во денешниот напад и пукање станува збор за истото лице засега не е познато.