Со прегласувањето ЛДП може да освои пратеник плус на сметка на ДУИ

ДИК синоќа одлучи дека ќе има прегласување на шест избрирачки во петтата изборна единица и тоа: Избирачко место 1844 во Струга, 1202 и 1194 во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 и 1470/1 во Долнени.

Вкупниот број на запишани гласачи на овие избирачки места е 3521 избирачи што може да влијае на бројот на пратеници.

Advertisements

Конкретно, ако ВМРО-ДПМНЕ освои 300 гласови повеќе од сегашните ќе добие 11 пратеници во петтата изборната единица. ДУИ пак може да загуби еден пратеник.

Можно е и ЛДП да освои пратеник ако коалицијата освои 110 гласови повеќе. ДУИ би загубил пратеник и тоа Исмаил Јахоски, газдата на Пуцко Петрол.

Партиите имаат право на жалба до утре до Управниот суд кој има 48 часа да ја донесе конечната одлука дали ќе има прегласување.