Со 65 гласа „за“, без воздржани или против, по петнаесетина дена жестоки дебати Собранието ноќва ги избра четирите нови министри во Владата.
Во Кабинетот на премиерот Ковачевски влегуваат тројцата министри од редовите на Алијанса за Албанците – Азир Алиу ќе го раководи ресорот здравство, Фатмир Меџити ќе раководи со министерството за информатичко општество и администрација, Кренар Лога со правда а во министерството за животна средина и простотрно планирање влегува кадарот на СДСМ, Каја Шукова.
При гласањето за Кренар Лога на таблата за пребројување се појавија 64 пратеници, но собранискиот спикер, Талат Џафери образложи дека пратеникот Мендух Тачи имал технички проблем и гласот го потврдил со кревање рака.
При гласањето во собраниската сала беа присутни 114 пратеници, вклучувајќи ги и пратениците од опозицијата.