Бизнисменот плаќа превоз и храна за сите роднини на настраданите кои го следат судењето за ,,Пулс” во Скопје
Првиот човек на фармацевтскиот гигант Зегин, Благоја Механџиски нуди вработување за сите членови на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани, тврдат блиски на семејствата од Кочани.
Механџиски на здружението на граѓани ,,16 Март Кочани 2025″ формирано од членови на семејствата на настраданите во пожарот во Пулс им доделил деловни простории во кои можат да се собираат за да ги спроведуваат своите активности.
На средбата со нив во понеделникот на денот на трагедијата Механџиски им понудил вработување на сите членови на семејствата на настраданите, откриваат од здружението.
Меѓу другата помош, според изјава на родители на загинатите, Механџиски обезбедува превоз и исхрана за сите роднини кои доаѓаат во Скопје на судењето за кобниот пожар во дискотеката Пулс.
На средбата Механџиски добил благодарница од роднините за сета помош што ја дава на ужалените фамилии.




