Спасовски: Нема да дозволиме навредување и понижување на македонскиот народ на 4 февруари

Државата ќе ги преземе сите законски надлежности за да осигура дека на 4 февруари сите кои ќе дојдат во Скопје во црквата „Сверти Спас“ мирно и достоинствено ќе го чествуваат роденденот на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев, уверува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за „Утрински печат“. Спасовски уверува и дека полицијата нема да дозволи на денот да се случи навредување и понижување на македонскиот народ и држава од кој било.

Во однос на најавите дека ќе се блокираат патишта за да се спречат бугарски провокатори да дојдат во Скопје или дека ќе се организираат стражи пред гробот на Гоце Делчев, Спасовски вели дека нема потреба.

„Нема никаква потреба од организирање на граѓаните, блокади, ноќни стражи и друго, тука се институциите. Апсолутно нема да се дозволи, во никој случај, понижување на македонските граѓани и народ, најмалку од некој од надвор. Ние сме народ со трпение, знае да укажеме чест и почит и таа чест и почит мора да биде возвратена, нема да дозволиме некој да дојде и да нѐ понижува. Институциите ги превзеаат сите мерки за ова очекување на граѓаните да биде реализирано“, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за „Утрински печат“.

Advertisements