Спасовски: СДСМ не се откажа на 27 април, нема да се откаже ниту на 8 мај

Носителот во Втората изборна единица на СДСМ Оливер Спасовски денеска пред Собранието во изјава за медиумите истакна дека не смееме да се заборавиме и да се дозволиме да се повтори 27-ми април, најцрниот датум во историјата на македонската демократија.

-Сликите и снимките од крвавите настани, за кои на овој начин денеска пред македонското собрание потсетуваме, нека останат паметник за тоа какви последици има од десничарскиот режим на ДПМНЕ. Насилници, поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ извршија упад во Собранието, обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок, рече Спасовски.

Според него, најавите за помилување на лицата што упаднаа во Собранието „се скандалозни и недозволиви и покажува дека ништо не е променето во ДПМНЕ“.

Advertisements

– 27 ми април е тежок, крвав потсетник колку лесно опасна власт може да ја втурне земјата во провалија. Не смееме да заборавиме и не смееме да се откажеме од борбата за слобода, демократија, правда и правичност. СДСМ не се откажа на 27 април, нема да се откаже ниту на 8 мај, рече Спасовски барајќи поддршка за неговата партија и коалиција на парламентарните избори.