Стефан Богоев е оптимист дека ќе има уставни измени, а не избори

Многу пореално е да се случат уставни измени отколку да има предвремени избори. Веројатноста да се соберат 80 пратеници за уставни промени е поголема отколку да има 61 пратеник за распуштање на Парламентот и предвремени избори, рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за емисијата „Утрински печат“.

„Неспоредливо поголема е веројатноста да има 80 пратеници за уставни измени, отколку да има 61 пратеник за распуштање на Парламентот и предвремени избори. Тоа е логично, затоа што од една страна фалат пратеници кои треба да се одважат и да го препознаат историскиот момент за државата, да гласаат и со тоа дополнително да го забрзаат евроинтегративниот пат и да останат запишани како луѓе кои направиле нешто добро на надворешно политички план. А од друга страна го имаме Мицкоски кој вели дека пратеници од власта ќе гласаат за распуштање на Собранието. Тоа не е логично, затоа што овој пратенички состав има уште една и пол година мандат“, вели Богоев.