Стоилковски: Се додека Груби смета дека етничката припадност е професија тој нанесува штета на државата и на Албанците

Артан Груби манипулира за дивоградба од преку 160 м² без одобрение! Во Бутел, во Радишани, од општината е сопрена започната градба на диво за која што има основано сомневање дека зад неа стои Артан Груби, а градител е негов братучед, ова денеска преку прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Груби се смета за толку моќен и над законот, што може со партиско соопштение да дозволи градба без документи! И ако стане видлив криминалот, или нелегалноста, тој смета дека може да се повика на партијата и функцијата и со тоа да остане неказнет. Објект од преку 160 м² да никне без одобрение и решение од општината! Никој не е против градба ниту сопирањето има етничка заднина, ВМРО- ДПМНЕ е против криминалот, а градење без документи е криминал! И тоа го боли Артан Груби! Артан Груби злоупотребува партиски соопштенија и повикува на етнички мотивирани дејства, само затоа што е сопрена дивоградба! Кога Груби преку партиски соопштенија ја манипулира јавноста дека наводно некој забранува Албанци да градат во општините, притоа злоупотребувајќи го албанскиот етникум за политички цели, Артан Груби мислел на семејната дивоградба, градба за која се уште нема дозвола!, вели Стоилковски.

Тој додава дека се додека Артан Груби смета дека етничката припадност е професија и е основа за неказнивост тој нанесува штета и на државата и на Албанците, и на сите во Македонија.

Advertisements

-Залудно е тоа што Артан Груби секогаш кога е фатен во тесно се повикува на етничка припадност и се заканува. Никој веќе не им верува на неговите приказни. По деловниот простор на неговиот брат, по фирмата за баждарење, по продажбата на хотелот на Попова Шапка, по тендерот за надзор вреден 22 милиони евра, сега и дивоградба станува дел од портофолиото скандали на Груби и редно време е обвинителството да се позанимава посериозно со овој лик, вели Стоилковски.