Струмичани и штипјани потресени од земјотрес утрово

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека земјотреси со јачина од 2,2 и 2 степени според Рихтеровата скала се почувствувани во Струмица и Штип во 04:55 и 06:32 часот утринава.

Епицентарот на првиот земјотрес бил на 120 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Струмица. Вториот земјотрес бил на 70 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип.

Земјотресите биле почувствувани од населението во Струмица, Штип и околината.