Судија од Врховен суд уапсен со 10.000 евра мито

Полицијата денеска уапсила судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Тој бил уапсен во моментот кога примил 10.000 евра, а осомничен е дека се нафатил да олесни судска постапка на обвинет функционер.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело.

Од МВР дополнуваат дека се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител.

Advertisements

Уапсениот судија има право да се повика на судиски имунитет за кој одлучува Судскиот совет на седница на Советот со мнозинство гласови од вкупниот број членови со право на глас.