Судијките Мери Георгиевска и Снежана Манев како претседателки ќе делат правда во скопска Апелација и во кумановскиот суд

Судијките Мери Дика Георгиевска и Снежана Манев денеска се заколнаа дека ќе работат законито, чесно, совесно, независно и одговорно. Двете судијки ги потпишаа свечените изјави во Судскиот Совет.

Судијката Дика Георгиевска ја потпиша изјавата за претседателка на Апелацискиот суд Скопје, а судијката Снежана Манев за претседател на Основен суд Куманово.

Дика Георгиевска и Манев претходно ја извршуаваa функција вршител на должност во овие судови.

Advertisements

Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев во честитката им посака успех и евидентни резултати и оцени дека двете судијки ќе бидат претседатели на судови во  динамичен период кога има многу критики за судството, но дека ќе придонесат за враќање на довербата.

Фото: Тв Сител