Таче, извини се, убајна куќа не крепит – коментар на Стевче Радевски

Затоа Таче, ако навистина си ѝ рекол на пратеничката дека е грда(кај ли го најде изразот „ружна“?) веднаш „стани да те види сала“,извини се и незаборавај дека „убајна куќа не крепит“, пишува на Фејсбук колумнистот Стевче Радевски. 

„Своевремено, стариот лисец, Винстон Черчил бил поканет на некој бал. Во тој период Черчил бил премиер на В.Британија и секој негов збор или постапка имал своја тежина.На балот Винстон бил без неговата сопруга и малку се поднапил.Во еден момент покрај Черчил поминала некоја госпоѓа од опозицијата којашто ден пред тоа во една парламентарна расправа жестоко го нападнала премиерот.Черчил подналутен и со повредена суета и вели на пратеничката:„Вие госпоѓо сте баеѓи остарена и огрдена“.

-Да,г-не Черчил јас можеби сум остарена и огрдена,но вие денес сте пијан-му возвратила пратеничката.

-Се согласувам со вас госпоѓо, и вели Черчил, и признавам дека сум пијан,но јас,утре, ќе бидам трезен.

Advertisements

Следниот ден Черчил морал да се извини за постапката и ја изговорил следната историска реченица:„На жените може да им се случи да бидат невнимателни и тоа не е ништо страшно.Мажите,пак,никогаш несмеат да си дозволат такво нешто.

Затоа Таче, ако навистина и си рекол на пратеничката дека е грда(кај ли го најде изразот „ружна“?)веднаш „стани да те види сала“,извини се и незаборавај дека „убајна куќа не крепит“, коментира Радевски.