Пратеникот Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ бара од собранискиот претседател Талат Џафери да се извини, по обвинувањата изречени во собраниската сала.
„До 20 часот вечерва за кога е закажано продолжувањето на седницата за избор на нова в.д. Влада, каде што сум пријавен за прв говорник, од Талат Џафери очекувам извинување“, објави Јанушев на социјалните мрежи.
Ова барање на пратеникот доаѓа откако денеска во Собранието, додека тој му читаше на премиерот Ковачевски што е актуелно во медиумите па прочита дека тоа се пишувања за синот на Талат Џафери, собранискиот претседател поврзани со неговото образование на Академијата за судии и обвинители.
На ова реагираше Џафери кој му рече на пратеникот, дека не може да му дојде на синот на Талат Џафери ни до малиот прст.
„ До малиот прст не можеш да дојдеш. На синот на Талат Џафери ни ти ни многу од вас тука не можете да му дојдете ни до малиот прст. Синот на Талат Џафери не се шета по судници. Синот на Талат Џафери не можеш да го видиш дрогиран“, рече Џафери.