Претседателот на Собранието, Талат Џафери негира дека примил било каква документација на УСБ стик или во допис со измените на Кривичниот законик од поранешниот премиер Никола Груевски како што обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на Собранието Талат Џафери добил УСБ и документи со измени на Кривичниот законик, но од предлагачот на законските измени, односно Владата.
– Прво и основно одговорив дека нема вистина во тоа дека претседателот на Собранието од експремиерот примил било каков допис или било каков материјал. Тоа е за дневна политика. Собранието добива материјали од овластени предлагачи во форма пропишана во Деловникот. Понатаму не би сакал да користам неоодветни зборови иако заслужува таквата инсинуација, но оставам на совеста на тие што шпекулираат со јавноста – рече тој.
Во однос на состојбата на Косово, Џафери истакна дека засега нема индиции дека кризата оттаму ќе се одрази во Македонија.
– Прво сочувство до тие што го загубија животот, најмногу до семејството на полицаецот кој загина во престрелката и до институциите. По ова прашање, Македонија одблизу ги следи сите состојби, имајќи предвид дека како членка на НАТО ние сме инволвирани таму преку КФОР. Нашите институции немаат такви индиции дека ситуацијата може да се одрази и кај нас, но тие следат постојано што се случува и ќе реагираат соодветно ако има потреба“, вели собранискиот спикер.