Таткото на Вања им ги кажал сите движења на девојчето на убијците за да изнудат пари од мајката

Таткото на Вања им ги кажал сите движења на девојчето на убијците за да изнудат пари од мајката, од кои сите би имале корист. Грабната е од внатрешнот дел на зградата, со врзани раце и нозе во вреќа за спиење и ја стваат во багажникот на возилото „цитроен“ однесена е надвор од Скопје , по што е убиена, а колата е запалена,  рече министерот Оливер Спасовски на прес-конференција.

„Телата беа закопани, едното во околината на Скопје, другото во околината на Велес. По преземените мерки на полицијата собрани се материјални докази. Приведени се петтмина, три лица се во притвор, приведен е и таткото на Вања, а едно лице е во бегство. Мотивот е користољубие, при што едно од лицата во договор со член на семејството го организирал кривичното дело за да се изнудат пари од мајката. Таткото споделил информација за денот и времето на излегување на неговата ќерка од дома. Околу 10 часот (истиот ден) со пиштол било извршено убиството на Вања, а потоа запалено возилото со кое таа била грабната“, изјави Спасовски.

Овие сознанија за грозоморното убиство се врз основа на исказите на осомничените. Спасовски објасни дека возилото „цитроен“, сопственост на убиениот велешанец, на „сејф сити“ првпат се појавува на 27 ноември кога е киднапирана Вања.

Advertisements

Пред возилото „цитроен“ со кое е киднапирана Вања, се наоѓало возило „рено канго“. Двете возила по нејзиното киднапирање заминуваат надвор од Скопје.

„Немаме докази дека е почнато нешто за барање откуп ние ги знаеме мотивите дека однапред кога се договорале мотивите биле парите и изнуда. Од досегашниот исказ не знам дали нешто ќе се смени се уште таткото ги негира овие дејствија. Значи неговата инволвираност која е посредна ја наоѓаме од контекст дека едното лице ова го знае во контакт со таткото. Ќе се бара притвор бидејќи имаме сомненија за негова вклученост. Може утре ќе излезат докази. Ќе се бара притвор, рече Спасовски.

На прашањето зошто барањето за откуп завршило со убиство, обвинителот Гаврил Бубевски рече дека осомничените ги фатила паника дека се следени и затоа решаваат подоцна да ги бараат парите и го убиваат девојчето.

„Во однос на мотивот и зошто се одлучиле да го убијат девојчето, тоа треба уште дополнително да се разјасни“, рече Бубевски.

На прашањето дали имаат информација преку кој граничен премин е избегано едно од осомничените лица, министерот Спасовски рече дека МВР има таква информација, дека е избеган заедно со неговиот адвокат. Избегани се во Белград, а потоа во Бугарија.

Бубевски рече дека во однос на инволвираноста на таткото, двајца од осомничените разбрале од таткото кога излегува девојчето од дома. Тоа се посредните докази со кои располагаме, рече Бубевски, што насочува на истрага на таткото.

За тоа дали и таткото со осомничените бил во бизнис-врска, Бубевски рече дека истражните дејства се насочени во тој правец. Првично, рече, се испитува дали причината е некој стан.

На поконкретно прашање дали таткото е директно инволвиран, Бубевски рече дека сега се утврдуваат врските, односно дали се работи за организирана група и дали сите се со ист мотив.

„За таткото засега имаме докази дека посредно учествувал во информирањето кога девојчето ќе излезе од дома за да биде земено. Немаме сознанија дека е вмешан во мотивот за убиство. Едно од осомничените лица кажа дека информациите за девојчето ги има од таткото. Според мене, од исказите се гледа јасна хронологија на нивните дејствија, па немам сомнеж во исказите“, рече Бубевски.

Спасовски вели дека, на денот кога се случило грабнувањето имало две пријавувања, првата од мајката во 8.30, а во 11 часот од таткото. По првата пријава веднаш се преземаат активности, а во Велес полицијата презема активности за случајот со исчезнувањето на 74-годишниот Панче Жежоски.

-Се вршат разговори со сите лица и во училиштето и во Велес што би можеле да дадат каква било информација, рече Спасовски.

На прес-конференцијата, Спасовски додаде дека сите осомничени се членови на една политичка партија и дека е извршен претрес во оваа партија.

-Тоа возило не се движи до 27 ноември и немавме информација дека е одземено. А е регистрирано од камери, како и возило рено. Извршен е и претрес во политичката партија Трета, на која ѝ припаѓале и најдени се извесни информации“, рече Спасовски.

Спасовски ги негираше и информациите пласирани во јавноста дека полицијата знаела, а не откривала детали за исчезнувањето на Вања, поради Самитот на ОБСЕ.

-Станува збор за изолиран случај, а не е поврзан со генералната јавна безбедност. Бесмислица е дека заради собирот на ОБСЕ не се објавени информации за убиството. Освен тоа, друг оддел на МВР се занимава со безбедноста на ОБСЕ, рече Спасовски.