Основниот кривичен суд Скопје информира дека е прифатен предлогот за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа за С.Д. за кого вчера Јавното обвинителство соопшти дека се сомничи дека му помогнал на првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски да пребегне во Турција.
Повеќе медиуми објавија дека станува збор за лицето Стефан Димковски, сопартијец на Палчо од неговата партија Десна.
– Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерки притвор против 4 лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а поврзани со грабнувањето и убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и убиството на велешанецот П.Ж., ценејќи ги приложените факти и исказите на обвинетите во однос на предлогот за притвор донесе решенија со кои го прифати предлогот на Јавниот обвинител.
Kривичен денеска соопшти и за притворите на Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои ја признаа вината како и таткото но Вања, Александар Ѓорчевски, кој ги негира дејствијата.
– Па така на В.М., В.К., Б.В., и А.Ѓ. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165. ст.1, точки 1,2 и 3 од ЗКП. односно опасност од бегство, попрачеување на истрагата со влијание на сведоци и повтроување или сторување ново кривично дело, стои во соопштението од Кривичен.
Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, вчера беше уапсен во Турција, а Јавното обвинителство отвори истражна постапка за две убиства на свиреп начин по кривичната пријава добиена од Министерството за внатрешни работи.