Вчера во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко моторно возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(70) од Скопје излетало надвор од коловозот.
На местото на несреќата починале возачот и сопатникот С.О.(65) од Скопје, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Во сообраќајната несреќа со тешки телесни повреди се здобил уште еден сопатник П.Ц.(71) од Скопје, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Advertisements
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...
Голем успех и признание за Македонија - Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТ...