Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на актуелниот претседател на Македонија и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски, денеска слави роденден.
По тој повод Пендаровски на својот профил објави роденденска честитка во која и се заблагодари за безрезервната љубов и поддршка!
Ѓоргиевска е редовен професор на Стоматолошкиот факултет и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Advertisements
Таа е магистер и специјалист по педијатриска и превентивна стоматологија од 2002 година, а од 2006 година е доктор на науки.