Тошковски најави итна надградба на системот „Safe City“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави итна надградба и дополнителна имплементација на системот „Safe City“ на сообраќајниците.

Оваа одлука доаѓа непосредно по тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која животот го загубија четири лица.

Системот користи софистицирана технологија за видео надзор и автоматско препознавање на прекршоци, со цел да се воспостави поголем ред во сообраќајот во главниот град.

Преку воведувањето на овие камери и дигитални контроли се очекува сериозно намалување на брзото и неодговорно возење по булеварите и клучните сообраќајни точки.

„Безбедноста во сообраќајот не е само прашање на казни, туку на свест и култура. Продолжуваме со техничко засилување на контролите, бидејќи една секунда невнимание може да доведе до трајни и ненадоместливи загуби“, порача Тошковски.

Паралелно со техничките измени, од Министерството за внатрешни работи излегоа со јавно барање до сите возачи на терен.

Advertisements

МВР упати силен апел до сите учесници во сообраќајот за максимално почитување на правилата.

Од полицијата потсетуваат дека само со координирани напори меѓу институциите и граѓанскиот сектор може да се создаде безбедна средина за сите граѓани.