Tрагедија на македонските патишта: Едно лице загина во страотна сообраќајка

63-годишник од битолското село Средно Егри го загуби животот вчера во сообраќајна несреќа.

Загубил контрола над возилото и излетал од патот. Починал на лице место. Смрт констатирал лекар од Итната помош.

– На 31.05.2024 во 14.42 часот во СВР Битола било пријавено дека на земјен пат во атар на с.Кременица, битолско, Ж.Р.(63) од с.Средно Егри, битолско, управувајќи патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Advertisements

Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола, соопшти МВР.