На 13.04.2023 во 21:14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автобуска постојка на бул.„АСНОМ“, на подрачјето на Аеродром, била пронајдена почината М.Г.(45) од Скопје, информираат од МВР.
Според пријавеното, додека била во патничко возило „рено канго“ со скопски регистарски ознаки, заедно со нејзиниот познаник Т.Н.(50) од Скопје, на М.Г. ѝ се слошило и починала.
Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство.
Advertisements
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...
Голем успех и признание за Македонија - Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТ...