Трагедија во Скопје – пријателите се збогуваа со момчето кое падна од зграда, неговата девојка се бори за живот

Бендот „Undone“ се збогуваа од нивниот пријател Филип Митров кој почина во неделата.

„Почивај во мир Филип, најпрекрасната личност, еден од столбовите на „Undone“, кој беше со нас пред да започнеме со „Undone“, деновиве работеше на ново видео за „The War On Love“ од нашето ново EP во кое се заљуби. Правејќи музика заедно, многу неверојатни анимации и видеа што ги направи на толку многу песни, омоти што ги дизајнираше за албуми. Филип замина во трагедија која не е разбирлива и никогаш нема да биде. Вистински херој“, се вели во трогателната порака што ја објави бендот „Undone“ .

Младиот скопјанец беше пронајден паднат од зграда заедно со неговата девојка. Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 12 февруари во 12.57 часот било пријавено дека пред зграда на булеварот „Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф. М. (47) и К. Г. (39), двајцата од Скопје.

Advertisements

Момчето почина, а девојката е пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и е во критична состојба.