Трагедија во тетовско: Пронајдено мртво 16-годишно момче во реката Пена

Утрово е најдено безживотно тело на 16 годишно лице во реката Пена, кај месноста Бањиче, тетовско. По пријавувањето во полиција, почнат е увид од претставници на СВР Тетово и Обвинителството.

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид во местото викано Бањиче, каде во реката беше пронајдено безживотното тело на починатото 16-годишно лице. Станува збор за лице кое неколку дена било пријавено за исчезнато. Јавниот обвинител издаде наредба за прибирање на сите траги и докази со цел да се утврдат причините за смртта“, информираат  Јавното обвинителство.

Обвинителот издал наредба и за обдукција на телото на починатиот.

Advertisements