Седум институции имаат уставни и законски надлежности да се борат за сузбивање и откривање на криминал, но сите до една се високо исполитизирани и партизирани. Нема носител на тие институции кој не е партиски од партиите кои се на власт, нема институција која е независна, изјави лидерот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов во „За или против“ на Алфа.
Според него нема институција независна, не можат да започнат оперативна истрага.
„Не смеат да помислат. Замислете некој од министрите на ДУИ да биде предмет на обработка, за три дена ќе падне Владата. Проблемот е што има директни условувања директни закани да не се открива“, рече тој.
Advertisements
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Се зголемува број на заболени од грип во Македонија
Нова истражувачка опрема во Лабораторијата за радијациона физика при ФЕИТ
Битиќи до Сиљановска: Меѓуетничките односи се предуслов, а не „претпоставка“ за развојот н...
„Единствено можно решение е уставни измени со одложено дејство“ - годишно обраќање на Сиља...
Парите се исплатени, овие граѓани да си ги проверат сметките