Тренчевска ги запали социјалните мрежи – „Немавте срце да го одбиете Уставен суд, ве тепаа со сила да ги земете големите плати“

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска со изјава во вечерашното гостување на ТВ 24 , дека требало да биде јасно дека платите функционерите не си ги зголемиле самите тие, туку дека тоа го сторил Уставниот суд покрена лавина коментари на социјалните мрежи.

„Одлуките на Уставен суд мора да се почитуваат. Досега зедовме една зголемена плата. Она што се зборуваше на Економскиот совет е платите на функционерите да се намалат. Но, исто треба да биде јасно дека платите функционерите не си ги зголемија самите, туку тоа го стори Уставниот суд. Ќе најдеме решение за оваа ситуација и тоа ќе биде решение за сите работници вклучително и функционерите, а тоа ќе биде системско решение, изјави министерката Тренчевска.

Граѓаните, револтирани од изјавата ѝ порачаа на министерката да не ги навредува со вакви, како што велат, смешни и бесрамни објаснувања и предложија, ако не им чинат зголемените плати за 78 отсто на функционерите да ги донираат.

Advertisements

„ А, вие немавте срце да одбиете, уф уф колку сте внимателни прифативте за да не го навредите Уставниот суд,“, Бесрамници“,

„Леле што ви направил Уставен суд“, „Па барем донирајте за дечињата“,

Ве тепаа со сила да ги земете“, „Скапо ќе ги платите“, ова се само некои од коментарите на социјалните мрежи.