ТВ 24: Тајна средба во Владата за проширување на владината коалиција

Димитар Ковачевски и Али Ахмети на тајна средба во Владата го убедувале Африм Гаши дека Алијанса за Албанците мора да влезе владината коалиција, објави ТВ 24.

Како што објави телевизијата, повикувајќи се на висок извор од Алтернатива на Гаши, тој им порачал СДСМ и ДУИ да дадат министерства за влезот на Таравари во Владата.

Состанокот се случил завчера во кабинетот на Ковачевски. Гаши прашал која е потребата од влезот на АА и им повторил на тие што им гори и што имаат проблеми, тие треба да отстапат министерство.

Advertisements

Според истиот функционер, тој ги потсетил коалициските партнери дека токму тој и Алтернатива кога било најгусто ја спасиле Владата на сметка на нивниот рејтинг, но и дека дел  од нивниот договор се уште не го исполниле и дека се уште 15 договорени кадровски решенија на Алтернатива, Ковачевски не ги поставил.