Уапсен е стружанец осуден на 8 години затвор, го барале со три потерници

Денеска во 10.20 часот на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Т.О.(45) од с.Октиси, струшко.

МВР информира дека за него биле распишани три потерници за издржување казна затвор од вкупно осум години.

По наредба на Основен суд Скопје 1 Т.О. бил баран за издржување казна од три години и три месеци за сторено кривично дело по член 247, по наредба на Основен суд Струга бил баран за издржување казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 247 и по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово бил баран за доиздржување затворска казна од една година и три месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 246 од Кривичниот законик.

Advertisements

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.