Уапсете го фраерот Латас, во затвор нека се смее дека силувал девојче – реакција на пратеникот Костовски

Основното јавно обвинителство мора да ја оправда целта на своето постоење, нема изговор има еклатантна изјава-доказ. Уште вечерва под итно да му заѕвонат на „фраерот-Латас”и фино да си дадат налог за негово апсење, па во затворот нека се смее и фали како силувал девојче, реагира пратеникот Мартин Костовски по изјавите на водителот Драган Павловиќ Латас во поткастот кај јутјуберот Стефан Лазаров.

Интервјуто на Латас предизвика бура од коментари и згрозеност на социјалните мрежи, а со своја реакција излезе и Хелсиншкиот комитет.

„Па може да признае и колку девојки и жени можеби имале изнуди во Македонија кога оваа „дно од човек” се смееше и јавуваше со муабетот “ало,началниче”. Пример за борба против оваа хипокризија и деструкција во општеството ќе биде можеби доволно едно (решение за притвор), за почеток. Значи, почитувано,обвинителство зависи од вас и од никој друг, тоа е минимум што може да сторите-едноставно морате“, вели Костовски на Фејсбук.

Advertisements