Убиство во Батинци – пукале од автомобил, има и повреден кој е на клиниката во Скопје

Едeн загинат и еден поврден во пукање од автомобил во Батинци. Повредениот е на Ургентниот центар во Скопје.

„На 01.07.2024 во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв.

Advertisements

На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје,“ информира МВР.

СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.