Убиство кај Горно Блаце, жртвата е на 56 години, го нашол неговиот брат

Маж на 56 години е убиен со огнено оружје кај локалниот пат од Долно кон Горно Блаце во близина на Скопје, информира МВР.

-Во 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи и нагласуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТВ Телма јави дека син на убиениот маж е Гани Туша кој е во притвор во Скопје под сомнежи дека учествувал во двојното убиство во Шиша бар и во убиството на Халкидики кога беа ликвидирани тројца од кои двајца водачи на ривалската група Дуќанџик/Грчец.

Advertisements