Убиство во Скопје, лекар избоден до смрт пред поликлиниката „Железара“

Матичниот лекар Ацо Трповски (67) доцна синоќа бил пронајден мртов со повеќе убодни рани во неговиот автомобил на паркиралиште.

Лекарот, како што потврди МВР, бил убиен пред поликлиниката „Железара“ во Скопје.

Д-р Трповски бил матичен лекар и неговата ординација била во поликлиниката. Автомобилот во кој е пронајдено неговото мртво тело било на паркингот во близина на поликлиниката.

Advertisements

„На 21.03.2024 во 23,09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т. (67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, велат од МВР.