Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средба со премиерот на Унгарија и лидер на Фидес, Виктор Орбан се договорил за размена на искуства при изработка на програмата за наредните избори.
ВМРО-ДПМНЕ информира дека на средбата меѓу Мицкоски и Орбан бил направен пресек на соработката и работата на двете партии. Исто така, било разговарано и за идни проекти и планови за развој, кои, како што се вели во соопштението, би се реализирале веднаш по промената на власта во Македонија.
На средбата биле констатирани одличните и пријателски односи меѓу двете партии, и станало збор за реализација на стратегиските цели на Македонија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски во Будимпешта е со потпретседателот на партијата Александар Николоски.