Младиот македонски режисер Максим Илковски го освои првото место на интернационалниот филмски фестивал во Турција „MILASA FILM FESTIVAL“ со неговиот краток студентски филм „Tell me we’re for real“.
Како што објави Илковски на Фејсбук, наградата е доделена во категоријата за студентски филм.
Тој има долгогодишно искуство во телевизиската продукција, во видео продукцијата, а се појавува и како асистент – режисер на филмската серија „Бистра вода“.
После успехот во Индија и освојувањето на прво место на тамошниот филмски фестивал во Калкута, тој доби покана да учествува на филмскиот фестивал во Турција каде исто така го освои првото место во категоријата студентски филм.
Ова е втора највисока награда која ја освои со овој негов студентски филм. Се надевам дека вакви објави ќе имам уште многу во иднина! Успехот не бил случаен, нели?, објави на фејсбук Јанко Илковски.